Мапи
Современиот метод на учење вклучува изработка на ментални мапи по физика за брзо читање и учење.Мапите претставуваат начин содржината или цела тема да се стави на бел лист хартија и да се направи интересна приказна. Во мапите се користат сликички, симболи, поими, цртежи, кои се разгрануваат според подрачјето и информациите овозможуваат полесно поврзување на информациите при што полесно се учи и запомнува. На брз и едноставен начин се доаѓа до корисни информации, а учењето е полесно, интересно и ефикасно.
При изработка на мапите на часовите по физика учениците го доживуваат како продуктивен и стимулативен метод на учење. Ученици кои активно учествуваа во изработката на мапите се: Димитар Настески, Матеска Јана, Крстеска Матеа, Софрониески Кристијан, Михајлоска Теодора, Радеска Михаела, Димитриоска Ангела, Александра Стефаноска, Барбара Петреска, Анастасија Цветаноска и други.
Во продолжение може да погледнете дел од изработените мапи: