Кабинет по физика и природни науки
Работилниците имаат за цел максимално да се искористи целокупниот креативен потенцијал на учениците. Секој изработен модел, мапа, секоја изработка и идеа од учениците на креативен и интересен начин треба да се поврзе во еден елемент претставувајќи дадена тема, наслов, содржина.
Учениците со меѓусебна соработка, усогласувајќи ги своите размислувања и идеи, заеднички создадоа одделни проекти, поврзувајќи ги во една целина, на креативен начин со голема стрпливост и способност.
Создаваме, креираме, изложувавме во просториите од училиштето . Нашиот труд награден со посебна просторија за нашите изработки.
Се менуваа простории но за Нас не претставуваше пречка да се прилагодуваме секогаш со уште поголема мотивација и желба за создавање нови модели, нови проекти по физика и природни науки.
Во продолжение може да погледнете дел од изработените проекти во училиштето.