Мојот клас
Мојот клас е најдобриот клас на светот. Сите ученици се различни, интересни, спремни за нови знаења и игра. Секој ден со нив е посебен.
Вредно учат и постигнуваат се повеќе знаења, и на интересен начин ги пренесуваат во училишните активности. За ова е потребна сигурност, разбирање, љубов и топлина која ја добиваат од семејството, дугарчињата, училиштето.
Мојот клас е сложно друштво кое точно ја знае својата цел.
1. Матеј Адамчески
2. Сара Антеска
3. Матеј Велјаноски
4. Марин Десковски
5. Доминик Ѓорѓијоски
6. Јана Игновска
7. Мина Карафилоска
8. Стефан Кочоски
9. Мартин Маркоски
10. Ивана Матеска
11. Матео Матески
12. Илија Николаевски
13. Бојан Пејоски
14. Борјан Петкоски
15. Симон Петрески
16. Ангела Станковска
17. Марија Станкоска
18. Бојан Стефаноски
19. Кристина Тодорова
20. Марко Трајкоски
21. Анастасија Цветановска
22. Алена Цветкоска
VIII-1, учебна година 2021/2022:
Час на одделенската заедница
VII-1, учебна година 2020/2021:
Час на одделенската заедница
На крај од учебната 2020/2021 година учениците подготвија содржини од различни теми . За што се определија, погледнете ги нивните текстови, цртежи и презентации:
Анастасија Цветановска
Стефан Кочоски
Ангела Станковска
Ивана Матеска
Кристина Тодорова
Матео Матески
Сара Антеска
Борјан Петкоски
Бојан Стефаноски
Марија Станкоска
Новогодишна прослава 2021
Во овие денови, пред празникот кој секогаш го славиме, интересно е да се потсетиме како Нова година ја славевме претходните две години. Сеќавањата бледеат и колку да се трудиме да се сетиме на секој детал. Има многу интересни моменти кои неуспеавме да ги раскажеме, поради недостиг на време или немавме кому и каде.
За Новата 2019 година, по предметот природни науки, пишувавме пораки до Дедо Мраз. Не беа пораки со желби, пишувавме прашања од предметот за кој сакавме да добиеме одговори. Ги добивме и одговорите во поштенското сандаче кои сами го направивме и..................
Наредната 2020 година, се потрудивме дочекот да ни биде пријатен и радосен. Китевме, игравме, делевме поклони во нашата училница, сите заедно, среќни, радосни и веќе со планови за дочекот на наредната година.Сликите нека зборуваат место Нас.
Но оваа Нова Година немаме можност да славиме во нашата училница. Традицијата нема да ја прекинеме. Да бидеме повторно дел од атмосферата на секој од нас. Да ги украсиме елките во нашите домови, да ги споделиме, да посакаме да ни се остварат сите желби.
СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА
2019
2020
Стефан Кочоски
Сара Антеска
Доминик Ѓорѓијоски
Кристина Тодорова
Ангела Станковска
Илија Николаевски
Анастасија Цветаноска
Ивана Матеска
Матео Матески
Бојан Стефаноски
Марин Десковски
Бојан Пејоски
Симон Петрески
Борјан Петкоски
Слаѓана Јосифоска
Час на одделенската заедница
Мојата online училница
Место да одиме во училиште, училиштето доаѓа дома кај секој ученик. Како изгледа online училницата подготвена во домашни услови. Катче каде ученикот следи настава и ги решава дадените задачи. Погледнете низ сликите и цртежите кои ги подготвија вредните ученици од VII-1 одделение.
УСПЕХ
Успехот секој го дефинира на свој начин. Некој успехот го поврзуваат со петки во училиште, други со работа, семејство или се заедно. Сите имаме различни приоритети во животот. Успехот е широк поим и за секој претставува нешто различно. Постојат многу начини да се достигне успех во животот. Што учениците подразбираат под УСПЕХ, и што за нив значи да се биде успешен?
VI-1, учебна година 2019/2020:
Час на одделенската заедница
Одговорност е ............?
Како се грижам за моето здравје?
Новогодишна прослава 2020
По вклопувањето во VI одделение, запознавање, прилагодување, многу брзо дојде Нова година- најсаканиот празник за сите. Секој од нив го чекаше тој ден и очекуваше чуда. Управувајќи со нивните новогодишни желби, во одделението организиравме свечен дочек преку игра.
Подготовките започнаа со правење на украси, цртање на снегулки и новогодишни приказни, како и подготовка на поклони.
Овој ден во нивната разиграна и весела училница, учениците ги разменуваа своите поклони и при секое нивно отворање се забележуваше радост и насмевка на нивните лица.
Примена на ИКТ во изработка на струјни кола
Наставата со примена на информатичка технологија е најсоодветна за истражувања во наставата по Природни науки вклучувајќи интеракција со други предмети. Ваквата настава овозможува тимска работа, партнерски однос на сите учесници поттикнувајќи развој на истражувачки, организациски, комуникациски и критички способности на ученикот во истражувачката работа.
Употребата на образовниот портал Phet, како ИКТ алатка, учениците конструираа струјни кола, со што се возможи полесен проток на инструкциите кои повеќе не мора да бидат проследувани на хартија.
Со помош на клучните алатки со едноставно влечење се овозможува динамичност и интерактивност на елементите во струјното коло, при што учениците изведуваат конструирање на струјни кола. Покажуваа што научиле и на тој начин го објаснуваа протокот на електричната енергија во колото.
Со вклучување на дополнителни елементи што ги нуди образовниот портал добиваа креативни идеи и дополнителни прашања од наставната содржина.
Недела на кодирање 2019
Учениците Стефан Кочоски, Ивана Матеска, Бојан Стефаноски, Матео Матески, Матеј Адамчески и Илија Николаевски од мојот клас, шесто одделение, активно се вклучија во одбележувањето на Европската недела на кодирање 2019.
Учениците користеа Scratch за кодирање на наставна содржина по физика, каде учениците ги прошируваа своите знаења од областа на теми од физика, а воедно и од кодирање. Своите идеи ги оживееја преку успешна приказна за содржината, користејќи ја својата креативност, соработка на сите ученици со користење на алатки за кодирање.
Во текот на работата можеа да се забележат мотивирани ученици кои учат.
Благодарност до сите ученици, стручната служба и колеги кои ја поддржуваа оваа иницијатива.
Истражување на растенијата
Целта на нашите истражувања на една од темите по Природни науки е да се испитува растењето на растенијата од семка до возрасно растение.
Истражувањата ги спроведовме во просториите од училиштето. Изработивме семенариум, и од многуте семки учениците во малечки посатки ги посадија истите, ги полеваа со вода, го следеа и мереа висината на растението, споредуваа резултати.
За целосното истражување учениците уредно водеа дневник за растот на секое свое растение, за да на крајот дадат заклучок кој го споредуваа со претпоставката на почетокот на истражувањето. Учениците се стекнаа со способност за решавање на истражувачки проблеми, изразување и донесување одлуки, усвојување на нови методи.