top of page

Модели

Изработката на модели се изведуваше на организиран начин при што учениците го проширија погледот на усвојување на знаења со поврзување на примената на физиката во секојдневниот живот.Изработувајќи ги моделите учениците развиваа различни стратегии на размислување и планирање. Како да се претстави една физичка појава, како да се истражи, кој материјал да се користи, како да се поврзе, се само неколку прашања кои учениците ги поставуваа. Со самата изработка учениците добија позитивно емоционално доживување бидејќи ја согледуваа својата способност. Со тоа усвојувањето на содржините по физика добија подобра стратегија за решавање на физичките проблеми и претставување преку модели.

Со својата креативност и љубов кон предметот физика, голем дел од учениците координирани од своите лидери во паралелките: Саше Ѓорески , Трајкоска Кристина, Петровска Марија, Лазеска Сања, Дарио Јолески, Богојевска Нина и  Ѓерасимоска Михаела  изработуваат модели со учениците кои дадоа најголем придонес за изработка се: Димоска Ивона, Матеска Јана, Петреска Барбара, Трајкоска Мартина, , Тришоска Марија,  од VIII одд., Кировска Емилија, Настески Димитар, Николоска Јана, Андоноска Александра, Богеска Матеа, Велјаноска Михаела, Дукоска Ивана, Матеска Бојана, Софронијевски Кристијан,Крстески Стефан, Смилески Давор, и др.

Во продолжение може да погледнете дел од изработените модели:

bottom of page